"Адора инженеринг" и Ванчо Чифлиганец добитници на светска награда за најдобро претпријатие и менаџер на годината

Bez autora
Dec 19 2012

Градежната компанија "Адора инженеринг" и генералниот директор Ванчо Чифлиганец добија светска награда за најдобро претпријатие од градежништвото и најдобар менаџер од Македонија во 2012 година. Ова реномирано признание, што го доделува Европската бизнис-асоцијација, на "Адора инженеринг" и припадна за најдобра бизнис-репутација, за успешно менаџирање и за динамичен раст на компанијата. Наградата на Чифлиганец му беше доделена на престижната меѓународна манифестација "Најдобри претпријатија во Европа" на 17 декември 2012 година, на свечена церемонија во кралската палата Хофбурнн во Виена, во присуство на голем број претставници од повеќе земји во светот. Ова признание особено ни значи, имајќи ги предвид огромните напори кои секојдневно ги вложуваме во ова кризно време и тешка бизнис-клима за обезбедување работа на пазарот со голема конкуренција носејќи храбри одлуки.

"Адора инженеринг" и Ванчо Чифлиганец добитници на светска награда за најдобро претпријатие и менаџер на годинатаГрадежната компанија "Адора инженеринг" и генералниот директор Ванчо Чифлиганец добија светска награда за најдобро претпријатие од градежништвото и најдобар менаџер од Македонија во 2012 година.

Ова реномирано признание, што го доделува Европската бизнис-асоцијација, на "Адора инженеринг" и припадна за најдобра бизнис-репутација, за успешно менаџирање и за динамичен раст на компанијата. Наградата на Чифлиганец му беше доделена на престижната меѓународна манифестација "Најдобри претпријатија во Европа" на 17 декември 2012 година, на свечена церемонија во кралската палата Хофбурнн во Виена, во присуство на голем број претставници од повеќе земји во светот.

- Ова признание особено ни значи, имајќи ги предвид огромните напори кои секојдневно ги вложуваме во ова кризно време и тешка бизнис-клима за обезбедување работа на пазарот со голема конкуренција носејќи храбри одлуки. Поради тоа ваквиот успех е вистинска сатисфакција и мотив повеќе за нас и за сите вредни менаџери и работливи луѓе од Македонија. Наградата е потврда за "Адора инженеринг" дека работи по светските стандарди, а за Македонија дека единствено вистинските вредности, кои ги препознава и признава светот, може да не афирмираат и да не однесат во семејството на ЕУ, што е приоритет на Македонија и македонскиот народ - изјави Чифлиганец.

Компаниите ја добиваат оваа награда по темелна анализа од страна на Европската бизнис-асоцијација за значењето за регионот, нивниот економски развој, општествено-одговорните активности, извозниот потенцијал, развојот на интегративните процеси, проширувањето на дистрибутивната мрежа, зголемување на иновативното ниво, воведувањето на високи технологии во работењето, конкурентноста и квалитетот, употребата на современи стандарди, ефективниот ПР, одржувањето на постојан углед во бизнисот и вработување на висококвалификувани кадри.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik